ФОТО: Не бил задоволен од фотографијата на потерницата, па испратил селфи во полиција

Криминалец баран со потерница од страна на полицијата во Охајо не бил задоволен од својата слика на потерницата, па решил да направи „селфи“ и да и испрати на полицијата нова, поубава фотографија.

На новата фотографија, Доналд „Чип“ Паг е со очила за сонце, во костим и седи во својот автомобил.

– Еве подобра фотографија, онаа која ја објавивте е навистина ужасна, напишал 45-годишникот.

Во полициската станица му се заблагодариле за помошта околу фотографијата, но го замолиле „веќе кога е толку внимателен“, да се јави во полициска станица како би поразговарале за обвиненијата против него.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.