Фото: Не, ова не се супермодели, ова се руските полицајки

Русија пред неколку дена ја шокираше Твитер заедницата, кога се објави една фотографија од Екатеринбург на која се фотографирани полицајки во кратки здолништа и високи потпетици.

Сергеј Герасимов, заменик-министерот за внатрешни работи, издаде наредба да не се злоупотребува униформата и да се носи на оној начинот на кој е предвидено.

„Кога ќе сретнете некој, првото нешто што тој го забележува е вашата облека, а полицискиот службеник кој е на должност мора да изгледа уредно и пристојно. Од време на време има случаи кога полициски службеници непрописно ја носат својата униформа. Шефовите на одделенијата треба да обрнат повеќе внимание на изгледот на нивните луѓе“, вели Герасимов.

ruske-policajke-foto-twitter-1403810926-523779

По објавувањето на фотографијата, водачот за координација на синдикатот на полициски службеници, Михаил Пашкин, изјави дека не гледа никаква причнина зошто некој би се жалел ако полицајките ги скратат здолништата.