Фото: Небесен тобоган од 300 милиони евра

„Одеон“ е повеќекатен пантхаус во Монако и една од најскапите недвижнини каде цена за еден квадратен метар достигнува и повеќе од 90 илјади евра. Пазарот на луксузни недвижнини, кој будно го следат многу богаташи, повеќе нема да биде ист, кога на овој објект следната година ќе се појави тобоган.

Монако е познат по казината и марините со скапоцени јахти и како таков е магнет за милионери. Ова кнежевство, веќе од крајот на оваа година ќе може и да се пофали дека ќе ја има најскапата цена за квадрат на недвижности во светот.

Пентхаусот е од 3.300 метри квадратни простор со неколку ката во стаклената зграда, која ќе достигне видина од 170 метри и со тоа ќе биде и највисоката зграда на брегот ан Медитеранот.

Monako-Odeon 2

Во овој комплекс се наоѓаат вкупно 70 станова со од една до шест спални соби. Во секоја соба стакло има од подот до плафонот, а погледот од терасите е на целото кнежевство, плажата Ларвото и морето.

Комплексот ќе содржи руска и турска сауна, неколку базени, приватни спа-центри, лимузини со возачи и кино. Во првиот довршен блок, во кој има 25 апартмани, купени се осум станови со цени од 55 до 70 илјади евра по квадрат.

Најлуксузен и најскап дел на овој комплекс се последните неколку ката каде има и приватен тобоган со базен.

Monako-Odeon 3

Станарите на екрани кои се чувствителни на допир ќе ги порачуваат услугите кои сакаат да ги користат, како што се одржување на станот, перење и сушење на облека. Во комплексот ќе има 24 часовно обезбедување, како и здравствен центар и кетеринг само за станарите.

Идејниот творец на комплексот „Одеон“ е архитектот Александар Жиралди. За ентериерот е задолжена агенцијата „Алберто Пинто“, агенција која за свои клиенти ги има арапските шеици и американските индустријалци.

Monako-Odeon 4

„Одеон“ е првиот облакодер кој се гради во Монако уште од 80-те години на минатиот век.

Тогашниот владетел, принцот Рение, одлучил да ја сопре изградбата на високи згради на брегот, сметајќи дека со нивната изградба се нарушува автентичниот стил на кнежевството. Оваа одлука ја променил неговиот син и наследник Алберт, кој во 2009 година дал „зелено светло“ за проектот „Одеон“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.