Магазин

ФОТО: Нејзините необработени фотографии ги надминаа оние на Синди и Бионсе

ФОТО: Нејзините необработени фотографии ги надминаа оние на Синди и Бионсе

На Твитер се појавија необработени фотографии на Џенифер Лопез додека таа ја снимала кампањата за еден познат козметички бренд.

Откако необработените фотографии на Синди Крафорд и Бионсе предизвикаа огромно медиумско влијание и бројни расправи помеѓу обожавателите, во јавноста се појавија „недопрени фотографии“ на уште една славна личност Џенифер Лопез.

j_loooo_2

За разлика од фотографиите на Синди и Бионсе од кои јавноста не беше премногу воодушевена, за Џенифер се редат само убави зборови.

Останува да видиме дали и овие „природни“ фотографии се дело на Фотошоп или не, затоа што Синди Крафорд тврди дека нејзините фотографии немаат никаква врска со реалноста.