ФОТО: Некогаш маринец со густа брада, а денес секси русокоса

Некогашниот американски маринец кој имал густа брада и 108 килограми, решил да го промени полот и да стане симпатична, слаба русокоса, бидејќи како што и самиот признава, целиот живот бегал од својот вистински идентитет.

Некогаш Метју, а денес Сона Аведиан (33), вели дека целиот живот ги угнетувал своите права и тоа на начин што заминувал на опасни мисии во Ирак и Авганистан. Во еден момент, Метју дури и се оженил, но во 2012. година била клучна за неговата трансформација.

Метју ослабел речиси 50 килограми, ласерски се издепилирал, а на крајот вградил и силиконски гради. Разликата е речиси неверојатна. Иако многумина сметаат дека Метју го живеел „американскиот сон“, имајќи добро платена работа, автомобил, куќа, сопруга и дете, тој тврди дека некогашниот живот го правел депресивен и цело време се чуствувал како да не може да ја пополни празнината која ја чуствувал.

Тој пред три години се решил да им каже на пријателите и роднините како се чуствува и дека сака да продолжи да живее, но исклучиво како жена. Неговата сопруга Луси била во шок, а парот денес е разведен.

marinec1

-Откако решив да бидам искрена и да живеам нормален живот знаев дека ме очекуваат добри и лоши времиња. Некои работи ми недостигаат. Изгубив гоем број пријатели, но запознав ногу нови луѓе. Го живеев „американскиот сон“, но сега кога ги гледам фотографиите од тој период не препознавам која била таа личност. Тоа е многу депримирачки. Многу сум среќна, веќе не се борам самата со себе. И понатаму сум по малку маж, но конечно се сакам себеси и можам нормално да живеам, вели.

plavusa

Иако неговиот брак е завршена приказна, тој потенцира дека односот со петгодишната ќеркичка е одличен.

plavusa1

 

plavusa2

Војничките денови се минато за Сона, која сега работи како возач за една курирска служба. Моментално е сингл, но вели дека запознала многу фини момчиња во Тексас.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.