(ФОТО) Нивната сличност е неверојатна, Кејт Миделтон се повеќе потсетува на Дијана

kejt 1Од кога првпат се појави Кејт Миделтон луѓето ги потсетува на принцезата Дијана, мајката на принцот Вилијам. Лејди Ди беше миленичка на народот, бидејќи со својот природен став на секого успеа да му се приближи. Кејт тргна по нејзини чекори, па за кратко време постана омилена личност во Британија. Но овие дами имаат и сличен моден вкус.

kejt 2Војвотката при посетата на Нов Зеланд многу ги потсетува на Дијана, која често носела идентичен црвен капут. И двете дами имаат сопствена фризура како заштитен знак, Кејт нејзината долга кафеава негувана коса, а Дијана исфенираната кратка коса.

На многу фотографии можат да се видат сличности меѓу овие две жени. Кејт на веридбата со Вилијам носеше темно син фустан, нијанса која потсетува џемперот кој Дијана го носеше многу години пред тоа. Така настанаа двата портерата кои денеска сведочат за сличноста меѓу војвотката и принцезата.

kejt 3Иако должностите налагаат лејди Ди секогаш да биде елегантна и софистицирана, на зимовање можеше да се види опуштена. Сепак и тогаш сакаше да биде доследна на себе. Кејт од друга страна сака да изгледа спортски, па својата коса ја собира во репче. Сличноста е воочлива.

Лејди Ди беше вистинска модна икона и сите жени сакаат да изгледаат како нејзе. Било да се рaботи за секојдневен живот или случувања на црвениот тепих, таа со својата појава секогаш маѓепсуваше. Таков е случајот и со Кејт.

 

kejt 4Една од највпечатливите слики се случија кога Кејт излезе од болница по породувањето. Не само што сцената со Вилијам е слична со онаа кога лејди Ди на истата оваа скала се појави со малиот Вилијам во раце, туку и Кејт одлучи да облече токму таков фустан.Оваа фотографија со брзина на светлина го обиколи светот, и послужи како доказ дека Кејт е одлична наследничка на Дијана.

Дијана ќе остане запаметена како една од најсаканите принцези, која се поврзуваше со народот. Кејт оди по нејзини чекори и одлично се снаоѓа. Војвотката одлучи од Дијана да научи некоја лекција за стилот.

kejt 5Имајќи предвид дека една голема модна икона и е пример, Кејт многу брзу стана идол на млади девојки.