ФОТО: Нон-туринг – Нова техника за шминкање што го освои светот

Не постои жена на светот што не сака да има сјаен и свеж изглед на кожата. Тоа е само една од главните причини поради која што осветлувањето (хајлајтинг) и стробинг техниката се мошне популарни. Сите сакаме да „блескаме“ како дијамант, но проблемот кај овие техники е што за нив се потребни голем број производи, што сите неможат да си ги дозволат.

За среќа, на повидок е нов тренд во шминкањето што е совршен за сите оние што сакаат да изгледаат свежо без да потрошат половина туба пудра, коректор и хајлајтер. Оваа техника се нарекува нон-туринг (non-touring) и практично се заснова на лесен стробинг, осветлување на лицето на нежен и природен начин, што изгледа одлично како на фотографиите, така и во живо. Доказ дека оваа техника е одлично прифатена е и тоа што познатите дами како Џиџи Хадид, Кендал Џенер и Џенифер Лопез веќе почнаа да ја користат.

Џенифер Лопез
Џенифер Лопез

Познатата шминкерка Рене Сангану, за оваа нова техника на шминкање вели:

Знаете дека имате шминка, но никој неможе да ја види… Изгледа многу поприродно од останатите техники на шминкање.

Суштината на овој начин на шминкање е во намалувањето на производите и апликациите што ги користите. Она што е помалку навистина е повеќе, а се што ќе ви биде потребно за да го добиете овој изглед се основа, ББ крема и хајлајтер.

Како да се нашминкате со оваа техника, дознајте на следната страница…