ФОТО: Нов пар – сакаат да им се одмаздат на Џастин Бибер и Миранда Кер?

Селена Гомез и Орландо Блум се видени заедно на настап во Лос Анџелес каде наводно добро се забавувале.

Интересно е тоа што на сличен начин се забавуваа Џастин Бибер и поранешната жена на Орландо, Миранда Кер во 2012 година на шоуто на Викториас Сикрет.

Наводно на тој настан пристигнале со ист автомобил и си заминале заедно.

Како масло во оганот медиумите потсетија на фотографијата поставена на Инстаграм на која Селена и Орландо стојат прегрнати.

s2

Поминаа повеќе од шест месеци од разводот на Орландо и Миранда, но тие останаа во пријателски односи поради нивниот син.

Иако се шушка дека Селена и Бибер се повторно заедно, тоа било само накратко. Селена сега се посвети на верата и музиката и нема време за бурниот живот на Џастин.