Фото: Нов парк почна да се гради во Аеродром

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска присуствуваа на почетокот на градежни работи за расчистување на просторот за уредување на новиот парк во општина Аеродром крај улицата Февруарски поход.

„Денеска eкипи на Град Скопје го почнаа уредувањето на новиот парк во населбата Аеродром со површина од околу 82 000 квадратни метри, што значи дека ќе биде поголем од Првиот дел на Градски парк. Во рамките на паркот ќе се оформат трим патеки со чешмички за пиење вода, клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. Во паркот ќе има и содржини намените за децата, односно ќе се направат 2 детски игралишта. По должината на паркот ќе се постават и летниковци коишто ќе им овозможат на граѓаните да уживаат во него без разлика на временските услови и годишните времиња. На терен ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 16 милиони денари. Се надевам дека овој парк ќе им ја подобри животната средина на жителите на Аеродром, а ние како Град и во иднина ќе продолжиме да градиме зелени паркови кој ќе бидат пријатни катчиња за граѓаните на Скопје“ истакна градоначалникот Трајановски.

Nov park vo Aerodrom - pocetok na ureduvanje (1)

Nov park vo Aerodrom - pocetok na ureduvanje (2)

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, пак, потенцираше дека овој запуштен простор ќе се претвори во зелен и модерен појас во кој сите генерации ќе си најдат свое катче за одмор или рекреација.

Откако екипите на Градот ќе ја исчистат површината од шутот, ќе се направи планирање на површината на којашто ќе се насее трева.

Nov park vo Aerodrom - pocetok na ureduvanje (4)

Nov park vo Aerodrom - pocetok na ureduvanje (3)

Во новиот парк ќе се постави и нова хидрантска мрежа, со 1 000 метри перфорирано црево за системот капка по капка и со 450 прскалки со кои ќе се полева зеленилото.

На терен ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 16 милиони денари.

Nov park vo Aerodrom - pocetok na ureduvanje (5)

Nov park vo Aerodrom - pocetok na ureduvanje (6)