петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 63

ФОТО: Нов современ мамограф во здравствениот дом во Радовиш

Современ апарат мамограф денес беше инсталиран во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, наменет за потребите на пациентите од општината и пошироко. Во работна посета на оваа здравствена институција денес беше и министерот за здравство Никола Тодоров.

14087717_1185696444804977_1666928274_o

Поврзани вести

Современ апарат мамограф денес  беше инсталиран во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, наменет за потребите на пациентите од општината и пошироко. Во работна посета на оваа здравствена институција денес беше и министерот за здравство Никола Тодоров.

Новиот апарат, како што истакна Тодоров, за 10 до 15 дена ќе виде воведен во „Мој термин“, со што пациентите ќе можат да добијат квалитетна здравствена услуга.

Досега во Радовиш немаше мамограф и жените кои што имаа потреба од ваков тип на преглег и за скрининг беа принудени да одат во другите блиски здравствени центри. Со набавката на мамографот, кој е набавен и во соработка со општината , благодарност до општината затоа што ги здруживме средствата за да се набави мамограф. Со овој апарат ќе се овозможи граѓаните на Радовиш услугите да ги добиваат тука, рече Тодоров.

14151772_1185696431471645_1155660210_o

Тој нагласи дека во Здравствениот дом во Радовиш се воведени и две нови методи за пациентите, а тоа се ехо кардиографија и ехо доблер.

Во тек е оглас за прием на еден доктор и една сестра, а сега се договоривме и да се овозможат и три нови специјализации за Радовиш, за интерна медицина, ургентна медицина и психијатрија, рече Тодоров.

14139255_1185696458138309_1981765999_o

Министерот за здравство посочи дека во тек се завршните градежни работи за енергетска ефикасност на објектот, а како што го информирал директорот на ова здравствена институција, досега со реконструкцијата на дел од објектот имаат и заштеда на нафтата од пет тони, што е добро од финансиски аспект, но и за заштита на животната средина.

14163851_1185696451471643_685554854_o

Исто така денеска се договоривме да здружиме средства меѓу Здравствениот дом, Министерството за здравство и Општина Радовиш со цел да направиме конверзија на системот за греење од нафта на пелети. На овој начин дополнително и сериозно ќе се намали цената за греење во зимскиот период, изјави тој.

Градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов нагласи дека како локална власт и понатаму ќе продолжат со заедничките инвестиции во Здравствениот дом во Радовиш во интерес на пациентите.

14045102_1185696454804976_653908745_o

И понатаму како и во претходниот период Општина Радовиш ќе ги подржува проектите на „Здравен дом“ Радовиш се разбира во интерес на сите граѓани на нашата општина е да ја подгнеме здравствената заштита на ниво кое сите наши граѓани го заслужуваат, истакна Николов.

Директорот на „Здравен дом“ Радовиш д-р Ванчо Ристов изрази благодарност за подршката која ја добиваат од Министерствот за здравство, како и од локалната самоуправа, нагласувајќи дека и понатаму ќе продолжат со исто темпо да ги реализираат зацртаните проекти, планови и активности со една единствена цел пациентите да добијат уште поквалитетна и навремена услуга.

ФОТО: Васе Здравков

Најчитани вести