ФОТО: Нова пешачка патека покрај Охридското езеро

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денес беше во увид во изградената пешачка патека на Охридското езеро во општина Дебарца.

Станува збор за патеката што е во должина од околу 120 метри, а за нејзината изградба се инвестирани 12 милиони денари или околу 200 илјади евра.

pesacka-pateka1-640x360

Мисајловски истакна дека со изградбата на оваа патека овозможено е уште едно место каде жителите на Дебарца и туристите ќе можат да се релаксираат во овој период од годината.

pesacka-pateka-640x360

Разговаравме со градоначалникот патеката да ја прошириме и да додадеме дополнителни содржини. Во Охрид работиме многу проекти во завршна фаза е проектирање на пешачка патека од центарот на Охрид до црквата Св. Јован Канео, како и уредување на плажата во Лагадин, истакна министерот.

misajlovski-izjava-640x360

Тој додаде дека отпочнале и со изградба на пешачка патека околу Преспанско езеро во должина од 5.2 километри и инвестиција од 50 милиони денари.

Со цел на подобрување и зголемување на туристичката понуда владата инвестира во изградба на повеќе пешачки патеки, а досега завршени се патеките околу Мавровското езеро, Беровското езеро, во Крушево итн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.