ФОТО: Нова сигнализација и патна опрема на патиштата низ Македонија

Во завршна фаза е поставувањето на нова сигнализација и патна опрема на 11 патни делници во должина од 560 км, соопштуваат од ЈП за државни патишта.

Во рамките на Декадата на безбедност на патиштата, а во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, ЈП за државни патишта од крајот на  минатата година  го отпочна проектот  за поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација и патна опрема на 11 државни патни правци. Се работи за патните правци Илинден-Калуѓерец, Ржаничино-Свети Николе, Лакавица-Неготино-Дреново, Давидово-Раброво,Брајковци-Марвинци,Страцин-Кратово-Пробиштип-Крупиште, Струга-Дебар, Макази-Маркова Нога, Макази-Граничен премин Стење, Прилеп-Македонски Брод-Кичево, Прилеп-Кривогаштани-Крушево-Сладуево, Виница-Смојмирово и Струмица-Дојран во должина од  560 км..

nova-signalizacija-i-patna-oprema-na-patishtata-niz-makedonija
Нова сигнализација и патна опрема на патиштата низ Македонија

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов направи увид во завршните работи на последните делници од проектот. На единаесетте патни правци  извршена  е замена на еластичната ограда,поставени се нови катадиоптри,заменети се  со нови сообраќајните знаци и смероказите и поставена е  нова хоризонтална сигнализација. Инвестицијата е во вредност од 158 милиони денари.

По завршувањето на овој проект  веќе од месец август оваа година, ЈП за државни патишта продолжува сотри нови проекти кои ќе опфатат поставување на нова сообраќајнасигнализација и патна опрема на  12 регионални и магистрални патишта со должина од  450 км..