вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 2

ФОТО: Нова спортска сала во населба Ченто

Во присуство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, владини министри, градоначалниците на Скопје и општина Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски денес беше пуштена во употреба новата спортска сала во основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто.

cento-sala-1

Поврзани вести

Ова е втора ваква спортска сала во општина Гази Баба. Вицепремиерот Пешевски истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во спортот, од кој бенефит имаат сите граѓани.

Нова спортска сала во населба Ченто

Нова спортска сала во населба Ченто

Тој, воедно, најави дека во општина Гази Баба во новата програма на која интензивно се работи се планирани низа проекти меѓу кои нов објект за основното училиште „Крсте Мисирков“.

Карактеристиката на ВМРО-ДПМНЕ е да ги прави работите како што треба, потенцираше Пешевски.

Директорот на АМС Марјан Спасески потенцираше дека новата спортска сала е 34-та изградена по ред, а е 220-тиот спортски објект реализиран од Агенцијата за млади и спорт.

Нова спортска сала во населба Ченто

Нова спортска сала во населба Ченто

Оваа сала, посочи Спасески, била дел од приоритетите бидејќи е барање на граѓаните од населбата Ченто.

Градоначалникот на Гази Баба додаде дека оваа општина е најспортска општина, каде што се доделуваат стипендии за најталентираните спортисти.

Најчитани вести