ФОТО: Нова теорија, малезискиот авион горел додека паѓал

Речиси две седмици светот трага по мистериозно исчезнатиот авион со 239 патници на „Малезија Ерлајнс“. За тоа време се развиа многу теории, од паднат во океанот, до киднапирање и терористички напад.

Една од теориите е дека тој горел додека паѓал, затоа и не можат да се најдат остатоци, пренесува српски Блиц.

Крис Гудфелоу, пилот со 20-годишно искуство, верува дека го нашол одговорот на прашањето како е можно авион да исчезне во 2014 година. Тој верува дека одговорот едноствано лежи во пожарот што избувнал во пилотската кабина.

„Се шпекулира за тероризам, киднапирање, па дури и удар од метеор, но јас се’ уште трагам  по прости одговори и ги пронајдов во облика на писта на острово Пулау Лангкави“, пишува тој на својот блог.

Според неговата теорија, авионот по еден час од неговото полетување го променил курсот и се насочил кон запад поради пожар. Пилотот Захари Ахмад Шах се упатил во превец на Малајскиот мореуз со план да слета на најблискиот аеродром, односно на пистата на островот Пулау Лангкави.

На искусните пилоти најблиските аеродроми им се секогаш во глава. Според него, Шах избрал директна рута до пистата долга четири километри, занајќи дека мора да стигне до неа без никакви препреки. Не се обидел да се врати во Куала Лумпур бидејќи бил свесен на гребенот висок 2.400 метри.

Во моментот кога контролорот на летот ја примил пораката „Во ред е, добр ноќ“, системот за емитување податоци веќе бил исклучен, а екипажот не ни знаел за тоа, бидејќи не е лесно да се онеспособи уредот за следење рачно, па затоа, тој смета дека имало проблем со електричната инсталација.

Крис додава дека пожарот можел да избие и на гумите.

„Ако авионската гума почне да горе, кабината се полни со густ дим. Претпоставувам дека екипажот изгубил свест пред да успее да слета на островот, а авионот продолжил да лета на автопилот, се додека не му снемало гориво или се срушил во вода додека горел“, верува Крис.

Гудфелоу смета дека авионот треба да се бара исклучиво во Малајскиот мореуз бидејќи се поклопува со фактот дека радарот последен пат го детектирал авионот во близина на островот Пулау Перак. За него пилотот Ахари Ахмад Шах е херој.