ФОТО: Новиот министер за внатрешни работи Чавков го презеде кабинетот

Новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков денеска го презеде кабинетот од претходниот министер Гордана Јанкулоска. Фотографиите се објавени на Фејсбук профилот на поранешната министерка.

jankuloska-cavkov1-500

-Го оставам МВР со врвни професионалци и одличен тим, напиша поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска на својот Фејсбук профил.

Чавков седнува на министерката позиција по оставката на Јанкулоска, а на предлог на премиерот Никола Груевски кој беше изгласан од страна на Собранието.

jankuloska-cavkov2-500

Новиот министер за внатрешни работи е искусен човек, вистински професионалец со долгогодишно искуство во Министерството за внатрешни работи.

MINISTER500

Работното искуство го почнува во Министерството за внатрешни работи. По завршување на приправничкиот стаж работи како инспектор во УБК, началник на Секторот за криминалистичка полиција во Регионалниот центар на МВР во Струмица, заменик-началник на РЦ на МВР во Струмица, виш инспектор за дрога во МВР, началник на Секторот за криминалистичка полиција во РЦ на МВР во Струмица, самостоен инспектор за финансиски криминал во РЦ на МВР во Гевгелија.

Чавков потоа работел и како главен инспектор за финансиски криминал во одделот за организиран криминал во МВР, началник на одделот за организиран криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР и директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.