ТОП,Македонија

ФОТО: Новиот воз пристигна на шините на Железничката станица во Скопје

ФОТО: Новиот воз пристигна на шините на Железничката станица во Скопје
Новиот воз пристигна на шините на Железничката станица во Скопје

Првиот современ патнички воз пристигна на шините на Железничката станица- Скопје.

Според планираното Македонија ќе добие шест воза од Кина, а ќе бидат во владение на „Македонски железници- Транспорт“. Возовите ќе бидат со вкупен капацитет од околу 1.200 патници, при што секој ќе собира по околу 200 патници.

voz2500132865456

Новите современи возови ќе ги исполнуваат највисоките европски стандарди за превоз на патници, како во поглед на техничките карактеристики, така и во поглед на задоволување на стандардите за квалитетен превоз на патниците.

voz3500132865453

По пристигнувањето на сите возови и реконструкцијата на повеќе железнички станици, вклучувајќи ја и таа во Скопје, Република Македонија конечно ќе може да се вброи во земјите со најдобра железничка инфраструктура не само во регионот туку и пошироко.

voz4500132865458

voz5500132865457

voz6500132865454

ФОТО: МИА