Фото: Новите вагони пристигнаа во Скопје

Премиерот Никола Груевски, заедно со вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска присуствуваа на пристигнувањето на новите вагони за железницата.

Пристигнати се 107 од планираните 150 товарни вагони за возниот парк на Македонски железници, инвестиција во вкупна вредност од 14 милиони евра, информираше премиерот Никола Груевски.

„Проектот за набавка на нови 150 товарни вагони е во длабока фаза на реализација. Веќе 107 вагони пристигнаа во Македонија, 43 треба да пристигнат во наредните неколку месеци со што ќе се заокружи проектот во којшто инвестираме 14 милиони евра“, изјави Груевски.

Според плановите на Владата по претстојната набавка на две третини нови вагони за патничкиот сообраќај во 2017 година ќе се обноват и останатите со што во 2018 биде обновен комплетно возниот парк.

DSC_8050

DSC_8054

DSC_8055

DSC_8061

DSC_8064

DSC_8229

DSC_8255

DSC_8064

DSC_8186

DSC_8211

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.