ФОТО: Објавени фотографии од осомничените напаѓачи во Келн

Властите во германскиот град Келн денес објавија фотографии од мажите што се осомничени дека сексуално напаѓале жени за време на новогодишната ноќ.

Обвинителите изјавија дека снимките со различен квалитет се всишност фотографии на осомничените што сексуално ги злоставувале или ги вреѓале своите жртви и се обиделе да ги ограбат. Фотографиите се направени од страна на очевидци и жртви.

keln-napagjaci-2

Германските власти повикаа секој што ќе ги препознае осомничените да се јави во полиција.

Инаку во текот на новогодишната ноќ, полицијата во Келн примила над 1.000 пријави поради сексуални напади и грабежи на улиците во градот за време на новогодишната ноќ.