ФОТО: Очувот на Кардашиан стана жена

Кејтлин Џенер, порано позната како Брус Џенер вчера го покажа нејзиниот нов изглед и име на насловната страница на магазинот „Венити Фер“. Голем број обожаватали се јавија со поддршка за нејзината храброст и убавина на социјалните мрежи, пишуваат светските таблоиди.

brus_jener_@

Но, најголеми поддржувачи на Џенер беа членовите на неговото семејство. Неговите деца, ја споделуваа насловната страна на социјалните мрежи проследено со пораки за поддршка.

По се изгледа, очувот на Ким Кардашиан со оваа промена стана попопуларен на социјалните мрежи и од неа. Неговиот прв твит беше споделен над 150.000 пати веднаш по објавувањето, а за наколку часа доби повеќе од 1 милион следбеници, со што е на добар пат да го надмине рекордот и на Барак Обама.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.