(ФОТО) Од Американка отстранет тумор од 60 килограми

Лекарите во болницата во Данбери, во американската сојузна држава Конектикат, отстраниле од пациентка тумор на јајниците со тежина околу 60 килограми, објави на својата веб-страница оваа здравствена установа.

Жената се обратила кај својот гинеколог коа почнала нагло да ја зголемува својата телесна тежина. Во текот на неколку месеци таа додавала по околу 4,5 килограми седмично. Прегледот МРИ покажал присуство на тумор, кој стручњаците го сметале за бениген, но тој растел толку брзо што на пациентката ѝ го отежнувал движењето и исхраната.

Поради димензиите на израстокот, 38-годишната жена била принудена да користи инвалидска количка. Според гинекологот Ваанд Андикјан, туморот бил многу поголем отколку што се сметаат за големи туморите со тежина од 11 килограми.

Поради сложеноста на зафатот, тим од 25 лекари специјалисти две седмици работел на план за хируршката интервенција над пациентката. Лекарите успеале да го решат главниот проблем, да го избегнат оштетувањето на крвниот сад, од кој се „хранел“ туморот. Петчасовната операција минала успешно, пациентката се наоѓа во добра состојба, се вели во соопштението на болницата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.