ФОТО: Од чешмата им тече злато

Додека перела садови како и секој ден, Шерон Браун сфатила дека сапуницата има чуден сјај, но не ни сонувала дека од чешмата тече злато.

Го повикала нејзиниот сопруг Марк и му покажала што се наоѓа во нивната кујна.

Ја отпушила водата да истече од мијалникот и забележала дека на дното се задржуваат сјајни зрнца. Ги ставиле во чаша со вода, но тие не се расвориле.

z1

Иако брачниот пар помислил дека нема шанси да станува збор за злато, хемиските анализи го покажале токму спротивното. Нивниот прв сосед Пол Харпер исто така воочил скапоцен метал во водата. Во градот се наоѓа рудникот „Голден Санлајн“, кој работи веќе 30 години, но нема никакви докази дека водата потекнува од него.

Граѓаните се загрижени за чистотата на водата и другите опасни честици кои не се гледаат со голо око.

-Ако во нашата вода се наоѓаат видливи тешки метали, замислете што уште може да има, вели Марк Браун од американскиот град Вајтхол.

Од Одделението за контрола на квалитет на животната средина велат дека честичките на злато најверојатно потекнуват од пумпата која е поврзана со цевките кои го снабдуваат градот со вода. Експертите тврдат дека водата не е штетна по здравјето и најавуваат дополнителни тестови.