ФОТО: Од вечен студент до гениј по удар во главата!

Четириесет и тригодишниот Џејсон Паџет пред 12 години бил студент кој работел во продавница за мебел кај неговиот татко и живеел за забави, но еден удар во главата го променил од корен и преку ноќ станал гениј за математика.

Во 2002-та година го нападнле две непознати лица и го удриле во глава. Тој се онесвестил,  крадците го ограбиле.

Откако излегол од болница сфатил дека со него се случува нешто чудно.

Тој всушност го добил синдромот саванта.

Во светот постојат само 40 луѓе кои дополнително го стекнале овој синдром. Савантите често имаат фотографска меморија, може да множат петцифрени броеви и слично.

Тој престанал да оди на работа и деновите ги минувал решавајќи задачи по математика и физика.

Станал опседнат со бактерии. Ги миел рацете неколку пати, додека не му станат црвени, па дури и одбивал да ја прегрне својата ќерка додека таа не ги измие рацете пред него. Тој мислел дека го губи разумот, а потоа на “Би- Би- Си” гледал документарец за саванта синдромот и сфатил што му се случува.

– Мојот пример покажува дека талентот лежи во сите нас, напишал Џејсон напиша во неговите мемоари „Sruck By Genius”.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.