(ФОТО) Од желудник на пензионерка отстранети над 150 метални предмети

Во рускиот регион Бурјатија хирурзите отстраниле од желудникот на 74-годишна пензионерка повеќе од 150 металени предмети, како навртки, завртки, клинци, делови од арматура, па дури и синџирче.

Предметите ги открил лекар кој извршил гастроскопија, објавено е на сајтот на Републичката клиничка болница Семашко.

„Во текот на ендоскопски преглед беше откриено дека грлото и хранопроводникот се во соврешена состојба, па лекарите минале подлабоко на преглед на желудникот, од каде што добиле изненадувачка и сосема неочекувана слика“, се наведува во соопштението.

Со помош на ендсокопот биле остранети четири клинци, а потоа била побарана помош од хирурзи. При прегледот на рентген снимката лекарите забележале „голем надворешен предмет“, кој би можел да го продупчи желудникот.

Жената била опериана и од неа остранети металните предмети. Притоа е утврдено дека ѕидовите на желудникот не биле повредени и пациентката воопшто не била загрозена.

Информации за тоа како овие остри метални предмети доспеале во желудникот на пациентката, не се објавени засега. Таа е префрлена на одделот за постоперативна интензивна нега.

Според локалниот портал Блокнот, пациентката претходно имала претрпено мозочен удар и не може да каже ништо за тоа што се случувало. Според нејзини роднини, жената страдала од ментално растројство.