ФОТО: Одбележани 113 годинa од смртта на великанот Гоце Делчев

Со положување цвеќе на гробот на револуционерот Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје беа одбележани 113 години од смртта на великанот.

DSC_2644 На гробот на Делчев цвеќе положи владина делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

DSC_2659

 

Делегација на Градот Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева,  положија цвеќиња на гробот на нашиот борец за слобода Гоце Делчев.

MAD_7675 (1)

По повод годишнината од смртта цвеќе положи и партиска делегација на СДСМ, во состав: Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, Татјана Прентовиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, Цветанка Лакова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ.

Delegacija na SDSM, 04.05.2016

Во Црквата Св.Спас  беше одржана и Панихида на Македонската православна црква по повод 113 години од смртта на македонскиот  национален херој и великан.

MAD_7934

Еден час подоцна, Делегација од Советот на Град Скопје положија цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот Македонија.