ФОТО: Одбележување на 11-годишнината од смртта на претседателот Трајковски

Министрите Никола Попоски, Зоран Јолевски и Неждет Мустафа денеска положија цвеќе на гробот на вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

Претседателот Трајковски трагично загина на 26 февруари 2004 година кога авионот во кој патуваше падна во Ротимље, близу Мостар.

Во несреќата, покрај претседателот Трајковски, животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

delegacija_cvekje (2)

Делегација од Република Македонија, предводена од заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска придружувана од семејството на поранешниот претседател Трајковски и во присуство на високи претставници од Босна и Херцеговина, ги посетија спомен обележјата кај  Ротимље каде што се случи трагичниот настан.

Заменик министерот Кипријановска со пригодно обраќање пред присутните, ја одбележа 11 годишнината од овој немил настан, реафирмирајќи ја почитта на граѓаните на Република Македонија кон починатиот поранешен претседател на Република Македонија и неговите соработници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.