Балкан

Фото: Одекнуваат детонации во Косовска Митровица, Албанците ги каменуваа трупите на КФОР

Фото: Одекнуваат детонации во Косовска Митровица, Албанците ги каменуваа трупите на КФОР

Во близина и на самиот мост на реката Ибар, стационирани се силите на косовската полиција, како и припадници на американскиот, италијанскиот и полскиот контигент на КФОР во Косовска Митровица.

Во јужниот дел на Косовска Митровица во тек се конфликти на неколку стотини албанци кои се противат на изградбата на „Паркот на мирот“.

protest-albanaca-foto-tanjug-1403447429-521093

Двајца полицајци и еден новинар се повредени, а едно полициско возило е оштетено, пишува српски „Курир“. Во 16:50 часот одекнале две јаки детонации една по друга, а во истиот момент било запалено и едно возило кое експлодирало.

Новинарите кои се наоѓаат на местото околу мостот на Ибар велат дека просторот не може да се види од слозавецот кој е употребен против демонстрантите. Солзавец врз демонстрантите освен косовската полиција, употребуваат и припадниците на ЕУЛЕКС.

protest-albanaca-foto-tanjug-1403447429-521087

Полицијата успеала да ги оддалечи демонстрантите на 300 метри од мостот. Албанското население започнало да ги каменува полицајците и припадниците на КФОР, кои им одговориле со солзавци и шок бомби.

Градоначалникот на северниот дел на Косовска Митровица, Горан Ракиќ, кој се наоѓа на српската страна од мостот, вели дека го поддржува секој вид на изразување на волјата на народот, но не сака да верува дека позади слоганот „Или ние или вие“, под кој се одржува протестот во јужниот дел на градот, стои нешто друго кое би значело дестабилизација на регионот.

kosovska-mitrovica-foto-twitter-1403448823-521105

Ракиќ оцени дека изградбата на „Паркот на мирот“ е потег со кој ќе се нормализира ситуацијата во Косовска Митровица и ги повика властите во Приштина да ја ублажат реториката која довела до демонстрации.

„Очекував на ова место да изградиме еден убав и голем парк во кој ќе си играат српските и албанските деца заедно. Мирот мора да ни биде приоритет и меѓуетничките конфликти повеќе да ги нема“, изјави Ракиќ.

Градоначалникот на јужниот дел на Косовска Митровица, Агим Бахтари, ќе почека да види дали во текот на утрешниот ден ќе се нормализира ситуацијата.

Учесниците во протестот веат знамиња на Албанија, САД и ОВК.

protest-albanaca-foto-tanjug-1403447429-521089

На раскрсницата во близина на мостот во северниот дел на Косовска Митровица, собарни се групи срби кои ја следат ситуацијата во јужниот дел на градот.

protest-albanaca-foto-tanjug-1403447429-521091

protest-albanaca-foto-tanjug-1403447429-521095

protest-albanaca-foto-tanjug-1403447429-521097

protest-albanaca-foto-tanjug-1403447429-521099