Фото: Одрон предизвика сообраќајка во Дубровник

Во сообраќајна несреќа која се случила околу 11 часот на магистралата кај Дубровник во Хрватска возач налетал на одрон и се судрил со моторциклист.

Како што пренесуваат тамошните медиуми автомобил марка „Фиат пунто“ со дубровнички регистерски таблички отако налетал на одрон на патот по што со автомобилот преминал во спротивната лента од каде во тој момент нелетал моторциклист.

1dubrovnik500

Со намера да го избегне судирот автомобилот на возачот се превртел неколкупати и завршил на кров.

За среќа поминал со полесни телесни повреди, а моторциклистот поминал без повреди.

2dubrovnik500