ФОТО: Одржана седмата тортијада во Скопје

Седмото издание од меѓународниот натпревар во подготовка на торти – Тортијада „Интерскопкејкс 2015“ се оджра вчера во “Веро Центар”.

На отворањето на овогодинешната тортијада присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Со свои креации учествуваа повеќе од 50 изработувачи на слатки и торти, аматери и професионалци од Македонија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Албанија и Полска.

Покрај традиционалниот натпревар на вештините во подготовка на слатки и торти за аматери и професионалци, и оваа година тортијадата беше проследена со богата музичка програма, каде настапија претставничките од Македонија на „Детскиот Евросонг“, Ивана и Магдалена, Борис Цветановски, Јулија, Раде Рогож

аров и многу други.

И оваа година Тортијада 2015 беше во организација на хуманитарната организација „Ангелчиња“, под покровителство на Град Скопје, а собраните средства и оваа година ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

torta

torta1