ФОТО: Огромна златна риба најдена по полавите во Бјелина

Реката Сава која се излеа кај Бјелина во Република Српска исфрли досега невидена риба и тоа со златна боја.

Судејќи според натписот на објавената фотографија, Сава повлекувајќи се заборавила со себе да го повлече и целиот рибен свет.

„Ова е најдено во водата додека истата се повлекувала на просторот на Бјелина, Боже помогни“, пишува во коментарот на Твитер.

Дали фотографијата е вистинита или пак монтажа не се знае, но истата изгледа автентично.

Знаеме за приказната за златната риба, но овде е во прашање златна рибетина. Димензиите не се познати, но се чини дека рибата е долга околу еден метар.