ФОТО: Охрид блесна во предновогодишен сјај

Светлечките реквизити поставени на плоштадот “Св. Климент Охридски“, кејот “Македонија“ и чаршијата во Охрид се во единствена бела боја, а украсувањето е надополнето и со стари и репарирани новогодишни реквизити ѕвезди, петокраки, двојни петокраки, украсни и светлечки црева.

Во следните работни денови ќе бидат украсени и периферните делови на Охрид.

Акцијата за поставување на светлечките  реквизити и новогодишното разубавување на Охрид започна пред околу една работна седмица и согласно планираната динамика и темпо на работа се очекува да заврши во следните два до три работни дена.

2

Стручните служби од општина Охрид велат дека охриѓани и посетителите на градот за претстојните Новогодишни и божиќни празници повторно ќе можат да уживаат во празничниот амбиент.

се очекува да биде поставена во текот на утрешниот работен ден со што би се заокружил процесот на разубавување и китење на центарот од градов.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.