Фото: Охридските храмови преполни за Велигден

Илјадници верници од целата држава, синоќа ги исполнија храмовите на Македонската православна црква во Охрид на големиот православен празник Воскресение Христово – Велигден, објави „Охрид њуз“.



Централната боголсужба со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, се одржа во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник.


Меѓу верниците на Плаошник имаше и познати јавни личности, како и голем број странски гости.



Храмовите на Македонската православна црква во Охрид, ќе бидат отворени во текот на целиот ден. Во црквата „Св. Софија“  со почеток во 17 часот, ќе се одржи вечерна архиерејска богослужба, едноцрквие со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца.


На Втор ден Велигден, понеделник, ќе има утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со почеток во 8.30 ч. Архиерејска литургија ќе се одржи во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Струга. Во вторник, Трет ден Велигден че има утрена со Златоустова литургија, во сите цркви, со поч. во 8.30 ч. За Варош, во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“ – Охрид.
OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ