ФОТО: Омилените чизми на Викторија Бекам

Двата стајлинга во кои што главниот фокус е врз чизмите докажуваат дека Вики дефинитивно оваа сезона ги најде своите миленички.

Веќе стандардна појава е Викторија Бекам воглавно да носи свој дизајн и дневно да го промовира пред папараците што го следат нејзиното семејство во чекор.

Во зимската сезона таа стави акцент на одличните кожени чизми со блок потпетица од нејзината есенска колекција.

Таа покажа дека навистина е воодушевена од овие чизми и пред неколку дена во Њујорк кога реши повторно да го носи нејзиниот дизајн. Викторија ги искомбинира со портокалова ролка и плисирано здолниште со необичен дезен од кибрит од својата нова предесенска колекција.