ВИДЕО/ФОТО: Опозициски функционер во епицентар на навивачко хулиганство

Директорот на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ), Саша Богдановиќ, вчера беше во жарот на пресметката меѓу навивачите на кошаркарскиот клуб Работнички и полицијата во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Инцидентот се случи на крајот на третата четвртина на мечот меѓу вечните ривали МЗТ и Работнички. Ситуацијата ескалираше кога навивачите на Работнички се судрија со полицијата. Се’ се случи во партер-трибината под делот каде беа сместени навивачите од групата „Сити парк бојс“, а ситуацијата дополнително се влоши реагираа полициските сили, кои за неколку минути го исчистија целиот дел од трибината.

На фотографиите можеше да се забележи и Богдановиќ, чие име и претходно се споменува во вакви или слични инцинденти.

navivac2a

Тој за Нетпрес вели дека како член на Управниот одбор на Работнички, заедно со неколку повозрасни лица, притрчале во моментот кога го забележале инцидентот. Но, судејќи според фотографиите тој воопшто не изгледа како службено лице на трибините, туку како еден од навивачите.

„Се обидував да ја смирам ситуацијата кога видов судир меѓу полицијата и помлади лица, а не како што наведуваат дека сум бил дел од тепачката. Јас како член на управниот одбор на кошаркарскиот клуб Работнички застанав да ја смирам ситуацијата“, вели Богдановиќ за Нетпрес.

Богдановиќ беше и еден од редовните учесници на простестите кои СДСМ ги организираше изминатиот период, како и директен учесник во вандалското рушење на градежната ограда пред хотелот „Бристол“.

Од МВР сеуште нема официјална информација за вчерашниот инцидент на трибините во „Борис Трајковски“.

Но, во рамките на овој инцидент имаше и друг немил настан. Телевизиските камери регистрираа и како еден полицаец, во момент на жестока караница, физички нападна еден од навивачите, по што доби возвратен удар во лицето. По ударот полицаецот почна со пендрек да го тепа навивачот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.