Македонија

ФОТО: Општина Радовиш зафатена со интензивни дождови проследени со град

ФОТО: Општина Радовиш зафатена со интензивни дождови проследени со град

Општина Радовиш денес беше зафатена со обилни дождови проследени со град најмногу дожд имаше во градот Радовиш, во околните места Ињево, Воиславци, населба Дамјан, Тополница и др.

rad (2)

Речното корито на река Сушица се прелеа, а радовишка Стара река речиси беше полна со вода. Од надојдените води поплавени се голем број станбени објекти во градот и селата, земјоделските посеви во Радовишко поле исто така се поплавени, а голем број на штета има и во индустриските капацитети. Градскиот водовод исто така претрпе големи штети од невремето, а населението во дел од градот Радовиш е без вода.

rad (3)

Влезот во градот за кратко беше затворен поради надојдената вода, а сообраќајот се регулираше од страна на сообраќајна полиција, во текот на целиот ден на терен беа екипите на ЈП Плаваја и ППЕ Радовиш кои интервенираа со сите можни расположливи сили.

rad (4)

Тимови на општина Радовиш заедно со Градоначалникот Николов извршија обиколки на теренот и ги согледаа состојбите. Градоначалникот Сашко Николов го свика кризниот штаб каде што се дадоа правците за понатамошното справување со оваа елементарна непогода која ја снајде општина Радовиш.