ФОТО+ВИДЕО: Општина Радовиш доби „Урбан ѕид“

Спортско – рекреативниот центар “25-ти Мај”,  денеска од младите луѓе и претставниците на локалниот младиснки совет од општината Радовиш беше претворен во урбан ѕид, на кој се испишуваа пораки за заштита на животната средина и се цртаа графити со позитивна тематика.

urban-rd-4

Овие активности се дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, симболично наречен „Урбан ѕид“, чија цел е да даде поддршка на младата популација во изразување на нивната креативност во создавање на урбана уметност.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески потенцираше дека многу често, цртањето графити се смета за вандализам, но кога постои точно одреден простор за нивно творење и презентација на креативниот ум и младешки став, тие се уметност која секогаш е позитивно перцепирана од очите на случајните минувачи.

urban-rd-5

Овој проект, кој го реализира Агенцијата за млади и спорт е наменет за младите преку поддршката тие да се изразат на  креативен начин,  да се поттикнат да бидат креативни и пред сè преку можноста тие да имаат свој простор, кој од денес натаму ќе биде наменет за нивното креативно изразување. Проектов досега го реализиравме во десетина општини низ цела Македонија, а интересот се повеќе се зголемува, изјави Спасески.

urban-rd

Тој искажа надеж дека граѓаните и пред се младите луѓе позитивно ќе го прифатат проектот, чија основна цел е да се насочат младите својата креативност да ја насочат во позитивна насока и да се одвратат од идејата да пишуваат графити било каде и со било каква содржина.

Напротив, основната замисла на проектот е младите преку исцртување на графитите да ги искажат своите позитивни мисли и да испратат позитивна порака до сите чинители во општеството, заклучи Спасески.

urban-rd-2

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов кој ја поздрави акцијата на Агенцијата за млади и спорт и информираше дека општината ќе определи дополнителни локации за креативно творење на младите.