ФОТО: Орландо Блум се појави гол на плажа

Холивудскиот актер Орландо Блум се појави на насловните страници на речиси сите американски портали и тоа целосно гол на плажа. Папараците го фатија на даска за сурфање во друштво со девоката Кети Пери која била во костим за капење.

Актерот моментално се наоѓа на годишен одмор, а двојката на скриените плажи на италијанскиот брег се сончаат и капат.

Според фотографиите, Орландо најмногу сака да плива без костим за капење.

блум

Фотографиите успеа да ги напрви папарацо кој ги продаде на списанието Њујорк Дејли Њуз.

Се претпоставува дека актерот не знаел дека го слика фотограф и дека ќе се појави на насловните на голем број списанија. Орландо и Кети во врска се веќе седум месеци,  а според фотографиите меѓусебното дружење им е пријатно.

Пред да се соблече, Орландо бил облечен во куси панталони, а пред фотографирањето двојката разменувала бакнежи.