Магазин

ФОТО: Оскаровско „селфи“ кое руши рекорди

ФОТО:  Оскаровско „селфи“ кое руши рекорди

Синоќешното доделување на Оскарите ќе остане запаметно по неверојатото „селфи“ на откачената водителка Елен Деџенерис и познатите актери.

Популарната водителка која до солзи не’ насмеа на Оскарите  доби идеја да направи “селфи” со Мерил Стрип и да ја објави на Твитер, надевајќи се дека таа фотографија ќе биде најмногу пати споделувана, земајќи во предвид дека Мерил Стрип е најмногу пати номинирана за Оскар. Но, за да биде уште поинтересно и пославно во реализација на идејата станаа да и помогнат  и Бредли Купер, Бред Пит и Анџелина Џоли, Кевин Спејси, Џулија Робертс, Џенифер Лоренс, Ченинг Тејтум  и други.

За помалку од еден час, фотографијата беше споделена повеќе од еден милион пати, а обожавателите полудеа од среќа па така што сега акутелната фотографија  споделена  повеќе од 2.294.000 пати.

Дефинитвно ова „селфи“ треба да добие Оскар.