петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 0

ФОТО: Ослабела цели 80 килограми и изгледа совршено!

h-300x196

Последни вести

Дваесет и седумгодишната Хејзел Дајсон која била незадоволна од својот живот, а особено од својот изглед ослабела 80 килограми со здрав режим на исхрана.

Мажите ја навредувале поради нејзиниот изглед, ја нарекувале „одвратна“.

На возраст од само 21 година Хејзел тежела неверојатни 142 килограми и уживала во јадењето нездрава и масна храна.

-Сите мои пријателки беа слаби, а јас бев дебела. Постојано измислував приказни дека имам момче, зашто не сакав никој да знае дека никогаш не сум го имала, вели таа.

Таа решила да си го смени животот кога докторите и рекле дека доколку ја задржи оваа тежина, кога ќе наполни 30 години ќе и треба замена на колковите.

Хејзел веднаш направила голем чекор и почнала да држи диета и напорно да вежба.

Резултатот од нејзината упорност е очигледен.

h1

Во текот на наредните шест години таа ослабела над 80 килограми со здрава исхрана и вежбање.

Сега вели дека постојано добива покани за љубовни состаноци и е презадоволна од она што го постигнала со себе.

Најчитани вести