ФОТО: Основното училиште во Берово ќе добие нови спортски терени

Со средства од општинскиот буџет и наменски дотации од Министерството за образование и наука почна реконструкцијата на спортските терени на Општинското основно училиште „Дедо Ило Малешевски“, објави МИА.

Реконструкцијата опфаќа асфалтирање на постојаното повеќенаменско игралиште во површина од 1.050 метри квадратни со дебелина на асфалтниот слој од шест сантиметри. Со проектот за реконструкција е предвидена и изградба на патеки и ограда околу игралиштето.

rekonstrukcija2-500

– Игралиштето на ООУ „Дедо Ило Малешевски“ е лоцирано до училишната зграда во центарот на градот и основна намена е да се користи за изведување настава по физичко воспитание. Во рамки на реконструкцијата ќе биде инсталирано и соодветно осветлување, со што ќе се овозможи користење на спортските терени и во вечерните часови, вели градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински.

rekonstrukcija3-500

Покрај учениците, игралиштето ќе можат да го користат младите и постарите граѓани, како и туристите што особено во летниот период го посетуваат Берово.

rekonstrukcija-500