ФОТО: Откриен споменикот „Становите на Шеќеринска“

Продолжуваат акциите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за откривање на спомен обележјата на владеењето на СДСМ и начинот на кој дејствуваат челниците на партијата. Подмладокот на владејачката партија денеска го откри споменикот „Становите на Радмила Шеќеринска“.

v9

СДСМ меѓу граѓаните е добро позната како партија кој зад себе нема изградено ниту еден тоалет а камо ли објекти од јавен интерес или пак споменик од државен интерес и македонската историја . СДСМ е позната како партија која не само што не изградила туку ги демолира и вандализира државните објекти и споменици на хероите на Македонија кои ги изградил некој друг, вели потпретседателот на УМС Орце Ѓоргиевски.

ums-3

Од УМС велат дека сета таа фрустрација е за тоа што иако имале прилика не направиле ништо вредно за државата или не оддале почит за хероите на државата, денес СДСМ ја лечи фрлајќи бои врз државниот имот и уништувајќи го поменот на оние кои гинеле за државата која денес СДСМ ја уништува.

v4

Иако нема изградено нешто за државата, СДСМ е позната партија по градењето: Има изградено многу мултимилионери кој во времето на СДСМ на криминален начин се стекнале со своето богатство и го зголемувале низ годините на ист начин. Денешниот споменик на СДСМ кој што ние го презентираме е „Споменик на становите на „Радмила Шеќеринска“ . Тоа се оние добро познати станови кои си ги изнајмуваат меѓусебно таа и нејзиниот сопруг со што затајуваат данок во државата, објаснува Ѓоргиевски.

v5

v6 v8

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.