(ФОТО) Откриено лицето на најбизарното морско суштество

 

Научниците  конечно имаат целосна слика за тоа како изгледа едно од најбизарните животни што постоеле на земајва.

sustestvo-bizarno1

Малото  морско суштество – Халуцигенија,  живеело пред 500 милиони години, но досега сите пронајдени фосили биле без глави.

Новите примероци откриени во Канада, го откриваат делот што недостасувал и за првпат се открива неговото чудно лице.

Д-р Мартин Смит од Универзитетот во Кембриџ, вели: „Тоа изгледа сосема надреално,  како нешто од некој друг свет.”.

Првиот Халуцигенија  фосил бил откриен пред повеќе од 100 години, и ги збунил научниците.

Суштеството е мало – помалку од 2 см долго и потенко од коса – но многу чудно.

Едната страна на неговато тенко цевковидно тело било покриена со огромен боцки, со додатоци од другата страна.

Новите примероци откопани од Барџис Шале во Канада, го открија суштество во целост.

Во карпа научниците пронајдоа глава во форма на лажица и со неки изненадувачки карактеристики.