ФОТО: Отворен комплексот „Македонско село“

Денеска официјално беѓе отворена за посетители новата туристичка атракција „Македонско село“ лоцирана во село Нерези.

На отворањето беа присутни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за транспорт и врски Владо Мисаjловски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и лица од јавниот и политичкиот живот.

etnos.jpg4

kanceska

„Македонско село“ е комплекс изграден во традиционален дух на македонската архитектура од 19-ти и 20-ти век.

Untitled-8

etnos

На површина од 12.000 м2 комплексот е составен од шеснаесет автентични куќи со сместувачки капацитет од 100 гости.

etnos.jpg7Селските куќи се изградени по ликот на куќите од различни географски подрачја на Македонија и тоа: куќа од Битола, Велес, Прилеп, Галичник, Рекански крај , Кратовска, Беровска, куќа од Делчево, Куманово, Тетово и од Скопска црна гора.

etnos.jpg2

Посетителите ќе можат да уживаат во богатите вкусови на македонска храна и амбиент во трите ресторани кои нудат различна гастрономска понуда.

etnos.jpg5

Етно амбиентот е надополнет со занаетчиски работилници каде гостите ќе можат да се запознаат со традиционалните занаети карактеристични за македонското поднебје, а за најмладите амбиентот ќе биде збогатен со домашни животни.

Во комплексот е изграден Етнолошки музеј во кој ќе бидат изложени предмети од македонската култура, народни носии, како и археолошки содржини.

etnos.jpg8

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.