Свет

ФОТО: Отворен првиот музеј на проституцијата во Амстердам

ФОТО: Отворен првиот музеј на проституцијата во Амстердам

Првиот во светот, Музеј на проституцијата ги отвори своите врати во Амстердам. Експонатите се изложени во автентичен поранешен бордел.

Експозицијата е наречена „Тајните на црвените фенери“ и е лоцирана во познатиот кварт каде вистински девојки стојат во излозите и чекаат да бидат одбрани за да ги дадат своите сексуални услуги. Креаторите на музејот сакаат да дадат претстава за оваа професија, без на посетителите да им се наметнува да станат клиенти на дамите што го продаваат своето тело и „љубовта“.

Колекцијата не е многу голема, но во неа има се’ за историјата на проституцијата. Одвоена е и посебен дел за животот на жените во излогот. Овој занает цвета од 16 век, кога Холандија станува колонијална сила, а Амстердам е оживеано пристаниште .

Денес многу од официјално вработените проститутки се жени од источна Европа, вклучувајќи ја и Бугарија.

Во Холандија проституцијата и јавните куќи се одамна легализирани.

Снимки: ЕПА/БГНЕС