ФОТО: Отворен првиот ресторан-брод во Вардар

Порталот Засе.мк објави фотографии од внтарешноста на ресторанот „Ројал Македонија“ во првиот од неколкуте бродови на реката Вардар во Скопје. Ќе функционира како мезе-бар и кафуле, со цени и работно време како и останатите слични угостителски објекти низ градов.

Конструкцијата и на двата брода е од челик и дрво, а внатрешноста е од гипс- картон. Всушност, изградени се од материјал кој може лесно да се демонтира со оглед на тоа дека станува збор за урбана опрема.
Бродот спроти МНР уште се гради.

brod4brod3brod2brod