среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 49

ФОТО: Отворен вториот по големина парк во Скопје

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски и директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ официјално го пуштија новиот парк во општина Аеродром.

park-aerodrom8-640x361

Последни вести

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски и директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ официјално го пуштија новиот парк во општина Аеродром.

park-aerodrom4-640x425

Вториот по големина парк во Скопје се наоѓа крај булеварот „Февруарски поход“ на последната автобуска станица број 5.

Станува збор за нов парк на површина од околу 100.000 квадратни метри, од која околу 90.000 квадратни метри ќе бидат зелени површини, со што ова е вториот најголем парк во Скопје, по Градскиот парк.

park-aerodrom9-640x361

Промовираме уште еден нов парк во кои жителите на овој дел од Аеродром ќе можат да го посетуваат и да го користат за одмор и рекреација. Во новиот парк се ископани 2 бунари од кои ќе се користи водата за полевање на сите зелени површини во паркот, поставена е нова хидрантска мрежа со 16.000 метри црева за наводнување, околу 270  прскалки и 70 хидранти. Во рамките на паркот се формирани трим патеки покриени со бела ризла во вкупна должина од 1.700 метри, околу кои се формирани 55 џебови за клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. Со изградбата на овој парк продолжуваме да ја реализираме стратегијата на зазеленување на Скопје, рече Трајановски.

Коневски посочи дека изградбата на овој парк е уште еден доказ за одличната соработка помеѓу Општината и Градот Скопје.

Во изградбата на овој парк Општина Аеродром се вклучи преку поставување  урбана опрема и осветлување. Во новиот парк поставени се околу 150 канделабри за чиешто поставување Општина Аеродром издвои околу 9 милиони денари. Тоа што навистина ме радува е трансформацијата на овој простор во овој прекрасен парк, кој до пред неколку години беше неуредена површина и депонија, истакна Коневски.

park-aerodrom6-640x358

Во паркот има и содржини намените за децата, односно се направени 2 детски игралишта со реквизити од природни материјали. Едното игралиште е мултифункционално и може да се користи за кошарка и за фудбал, поставени се 4 кошови и 2 гола. Површината на ова игралиште е 1200 квадратни метри (40 х 30 метри), а на подлогата е нанесен асфалт.

По должината на паркот се поставени и 5 летниковци коишто ќе им овозможат на граѓаните да уживаат во него без разлика на временските услови и на годишните времиња.

park-aerodrom7-640x427

Сукцесивно ќе се уредуваат и цветни површини во делови од паркот, а наесен ќе се засадат и садници.

На терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот се издвоени околу 44 милиони денари.

Најчитани вести