ФОТО: Отворен вториот Скопски цветен фестивал

Во Градски парк во Скопје денеска беше отворен вториот Скопски цветен фестивал, на кој скопјани до утревечер во 19 часот имаат можност да видат цветни аранжмани, да се едуцираат за правилно садење и одгледување цвеќе во затворен и на отворен простор, а за најмладите се одржуваат креативни работилници.

cvekjeeee (1)

Организатор на настанот е ЈП „Паркови и зеленило“, а покровител Град Скопје. Фестивалот го отвори скопскиот градоначалник Коце Трајановски кој истакна дека имаат намера Скопје да го направат град на цвеќето и затоа постојано се садат и одржуваат цвеќиња околу булеварите.

cvekjeeee (2)

Цветниот фестивал е поделен е во три зони – во првата се одржуваат работилници на кои учесниците учат како да изработат цветно оригами, венчиња и цветен  аранжман.

cvekjeeee (3)

Во втората зона познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување имаат изработено мини градини, а своите вештини ги покажуваат стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, стручни училишта и од компании. Во овој дел граѓаните можат да купат цвеќе по намалени цени. Третата зона на фестивалот е за забава и еко-пикник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.