четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 42

ФОТО: Ова е Босанецот кој го сними монструмот од Минхен

mersad

Поврзани вести

Двајца Босанци кои живеат во Минхен, Мирсад и Невреша Нухановиќ, се повредени во нападот во Михнех, потврдиле членовите на нивното семејство.

Станува збор за семејството кое со мобилен го снимаше напаѓачот од Минхен, додека тој се движел на кровот од трговскиот центар, каде и го изврши масакрот.

-Тој со својот мобилен го снимаше 18-годишниот Иранец, кој на кровот се расправаше со еден Турчин, а тогаш почнал да пука кон нив, вели братучедот на Мирсад, Ифет Нухановиќ.

На снимката може да се слушне како луѓе се расправаат со убиецот, а потоа започнуваат да зборуваат на босанкси. Токму во тој момент, куршум ги погодува Мирсад и Невреша.

-Мерсад ја снимаше кавгата помеѓу напаѓачот и Турчинот. Но Турчинот не се гледа. Во еден момент, Турчинот му рече на напаѓачот „Ене, те снимаат“. И тогаш започна да пука кон нив, вели Ифет.

Истрелите удриле во ќошот на балконот па се одбиле во таткото на Мерсад, Мирсад и во неговата мајка Невреша.

Најчитани вести