ФОТО: Ова е кондовецот кој вчера беше уапсен за тероризам и насилство

Педесет и тригодишниот А.Џ. од Кондово е уапсен вчера поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „тероризам“ и „казнување за подготвување“.

Инаку истиот минува во крим евиденцијата на МВР за сторени кривични дела „здружување заради непријателска дејност“, „подготвување на терористичко загрозување“, „злосторничко здружување“, „предизвикување општа опасност“, „тешки дела против општата сигурност“, „недозволена трговија со дрога“ за што од страна на судот му биле изречени и затворски казни, информираат од МВР.