ФОТО: Ова е момчето на Кончита Вурст!

„Јас и мојот човек“, напишала Кончита под фотографијата на која си разменуваат заљубени погледи.

Кончита Вурст, победничката на 59-та Евровизија има момче.

Најконтроверзната учесничка на овогодинешната песна на Евровизија веќе три години е во врска со извесниот Рафаел. Таа не крие дека е заљубена и својата опчинетост со дечкото ја покажува и преку фотографиите кои ги споделува на друштвените мрежи.

Кончита Вурст и донесе победа на Австрија со песната ,„Rise like a phoenix“.

koncita-vurst-decko-foto-fejsbuk-1399887891-495089

За потсетување, Кончита е родена како Том Нојвирт, 1988 година. Роден е во Гмунден, Австрија, а пораснал во Бад Митендорф во покраината Штаерска. За првпат се појавил на телевизија во 2006-та година, кога учествувал во шоуто „Старманиа“, каде што го освоил второто место.

Една година подоцна станал член на машкиот бенд „Јetzt anders“, а по распадот на бендот неговата кариера се стишува.

Откако во 2011-та завршил училиште за моден дизајн, учествувал во шоуто „Голема Шанса, кога за првпат излегол во јавноста како Кончита Вурст.