ФОТО: Ова е најбезбедниот аеродром во светот

Ако ги прашате безбедносните експерти кој аеродром во светот е најбезбеден, голем број од нив без никаква резерва ќе ви одговорат дека тоа е аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.

Тој е главен меѓународен аеродром во Израел, а е голема мета за голем број радикални групи. Можеби не изненадува фактот дека безбедносните служби доживуваат од 50 до 70 инциденти дневно, но изненадува фактот дека за тие инциденти не дознава никој, ниту патниците, ниту медиумите.

ben-gurion-1

Израелските експерти го усовршиле составот што пружа оптимален однос меѓу сигурноста и патувањето и сите потенцијални закани се решаваат брзо и лесно, на местата каде што неможе да бидат загрозени добронамерните патници.

На овој аеродром патниците не ги соблекуваат чевлите, не се одземаат шишињата со вода, нема детален преглед на багажот, патниците немора да поминуваат низ масовни детектори, но последниот напад се случил пред повеќе од 40 години, кога припадниците на јапонската Црвена армија, кои што пристигнаа од Рим со бомби ги нападнаа патниците во просторот за пристигнувања.

ben-gurion-2

Ниту еден авион што полетал од овој аеродром никогаш не бил киднапиран ниту разнесен.

Службениците на овој аеродром не трагаат по бомби и ножеви, туку по лоши намери. Додека на американските или европските аеродроми службеникот гледа во монитор и бара скриено оружје или ексоплозив, во Тел Авив ќе ве гледаат во очи и ќе ви поставуваат прашања што психолозите ги дизајнирале за да предизвикаат реакција кај терористите.

ben-gurion-3

Терористите не се плашат од смртта, но се плашат дека ќе бидат фатени. Тешко е да носите бомба со себе и да останете мирни, па така испитувачите на аеродромот во Израел реагираат на знаците на нервоза.

Оние што се сомнителни ги праќаат на следното ниво, каде што ги испрашуваат поинтензивно. Овде истренираните експерти ги одвојуваат потенцијално опасните од обичните луѓе што се нервозни поради летот, доцнење или нешто трето.

Бен Гурион исто така се потпира на повеќекратни кругови на заштита. Првата средба со перосналот на аеродромот се случува на еден километар пред терминалот, каде во куќичките се проведува првото кратко интервју додека сеуште се во возилото.

Патниците поминуваат уште низ неколку кругови на заштита додека на крајот да стасаат до авионот. Додека не ги поминат првите два круга, истите не се наоѓаат во близина на поголема група на луѓе, обратно од американските и европските аеродроми, каде што сите патници стојат во масовни редици за сигурносен преглед, што се идеални мети за бомбашите самоубијци.

Израелските служби се потпираат на квалитетните разузнавачки податоци од сите аеродроми што имаат директна комуникација со аеродромите и редовно ги освежуваат листите на бараните и сомнителни личности. Агентите што ги испитуваат патниците се наоѓаат на „check-in“ шалтеритена другите аеродроми од каде тргнуваат летовите на Ел Ал за Бен Гурион. Тие досега неколку пати успеале да спорат или да фатат потенцијални терористи што ги поминале редовните сигурносни проверки на другите аеродроми.

Патниците што нема да привлечат посебно внимание кај испитувачите може од куќичките пред аеродромот до својот терминал да стасаат само за 25 минути, што е мошне кратко. Од друга страна, таквото ниво на сигурност бара броен и добро обучен персонал, што не доаѓа евтино.

Се работи за решение што сигурно би ја кренало цената на воздушниот сообраќај во Европа и значајно би го забавило процесот на влегување на патниците. Низ аеродромот Бен Груион поминуваат околу 11 милиони патници годишно, а на лондонскиот Хитроу овој број е речиси шест пати поголем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.